Фудбалерот на Вест Хем и англиски репрезентативец, Даклан Рајс добил дозвола од лондонскиот клуб на крајот на сезоната да ја промени средината за оштета од 120 милиони фунти (околу 135 милиони евра), пренесуваат британските медиуми.
Рајс на Островот го сметаат за еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во светот, а претходно на големо се поврзуваше со Арсенал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Договорот на Рајс со Вест Хем има важност до 30-ти јуни наредната година, а неговата амбиција е што побрзо да заигра во ЛШ.
Раководството на „чеканите“ сметаат дека заминвуањето на англискиот репрезентативец на крајот на сезоната е неизбежно. Рајс потекнува од школата на Челзи, а во Вест Хем пристигна во 2017 година. За овој тим одигра 239 натпревари и постигна 14 голови.
Рајс ги помина сите младински селекции на Република Ирска и за првиот тим на оваа земја одигра три натпревари. За Вест Хем настапува од 2019 година, а по тие три натпревари за Ирска одлучи да настапува за Англија за која собра 41 настап.
West Ham will allow Declan Rice to leave this summer if they receive an offer worth £120 million from a Champions League club 💰 pic.twitter.com/kogK9e57ZU
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 9, 2023