Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер е еден од најбараните играчи на трансфер пазарот, па се очекува ова лето да го напушти клубот, но и Бундеслигата.
Германскиот репрезентативец го следат голем број на клубови, меѓу кои Баерн Минхен, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Баерн е одличен клуб, нема потреба да коментираме и Ханси Флик докажа дека е многу добар тренер. Ако во одреден момент има можност за трансфер, ќе бидам повеќе во искушение да играм во странство отколку во Баерн. Едноставно предизвикот да играм во друго првенство е поголем од трансферот во Бундеслигата“, изјави Вернер за „Билд“.
На Вернер му истекуваше договорот со Лајпциг на почеток на сезоната и многумина очекуваа тој да се пресели во Баерн. Сепак, тоа не се случи и во август потпиша нов тригодишен договор со Лајпциг
„Среќен сум и задоволен што го продолжив мојот договор овде и играв во Лајпциг оваа сезона. Според мое мислење, го продолжив својот развој под водство на Нагелсман и израснав како личност, сега преземам поголема одговорност. Благодарен сум за тоа и навистина го ценам она што го имам во Лајпциг“, додаде Германецот.
Timo Werner: "Bayern is a great club, no need to talk about that. And Hansi Flick has proven this season that he's a really good coach. But if a move is ever an option, I would rather take the step abroad than move to Bayern." [BILD] pic.twitter.com/OuOMukd238
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) May 1, 2020