Дома Фудбал Италија Верзијата на Раиола – Четирите „гревови“ поради кои Милан го изгуби Донарума!

Верзијата на Раиола – Четирите „гревови“ поради кои Милан го изгуби Донарума!

Не се работи за пари, туку за принцип. Или сепак парите се во прашање?

Уште додека не дојдоа во Милан новите кинески сопственци и додека Андријано Галијани беше задолжен за трансфер политиката, новиот договор на Џанлуиџи Донарума беше означен како приоритет на клубот.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Но, рацете на Галијани му беа врзани бидејќи ги броеше последните недели во клубот и договорот на Донарума требаше да падне на терет на новите сопственици. Неизвесност околу Донарума и тогаш имаше, како да почуствуваа дека на крајот ќе се создадат проблеми.

Пристигнаа новите сопственици, нови директори, направија се за да го задржат, му понудија да биде најплатен во клубот, но немаа шанси. Уште пред финалната понуда и последниот состанок на кој Раиола го соопшто конечното „не“, се беше одлучено… Милан немаше шансии, Донарума и Раиола само одолговлекуваа за младиот голман да остане на голот до крајот на сезоната, а на крајот предизвикаа „земјторес“.

Сега е јасно, понудата на Милан не била ниту разгледена. Милан е разочаран, предаден и измамен, а Донарума преку ноќ стана симбол на предавник. Два дена после целосниот распад на односите на релација Милан – Донарума, италијанските медиуми дојдоа до верзијата на Раиола.

Тој наведе неколку работи во кои Милан погреши и поради кои го изгуби суперталентираниот голман и планираниот симбол на клубот.

Раиола прво го изнервира тоа што преговорите беа поместени за на лето бидејќи клубот беше во процес на промена на сопствениците и сите важни работи беа одложени до моментот кога ќе дојдат новите луѓе во клубот.

Потоа го изнервира тоа што никој во Милан не му понуди на Донарума посебен анекс без потпишување на нов договор да му зголеми платата кога стана стандарден на голот. Треба да се истакне дека Донарума повеќе од една година за Милан бранеше со стипендиски договор вреден 160.000 евра годишно и дека после третиот голман Пликари беше убедливо најмалку платен во тимот. Раиола смета дека годините воопшто не се важни и дека играчот треба да биде платен толку колку што вреди на теренот, а Донарума во тој момент беше еден од најважните играчи за клубот.

Третата работа која не му се допадна на Раиола е одлуката на спортскиот директор на Милан, Мирабели зад негов грб преку телефонски повик да го убедува таткото на Донарума да потпише нов договор. Раиола се почуствувал „прескокнат“  и сакаше да му покаже на Милан дека со него не може така да се постапува.

Последната работа е ултиматумот Донарума конечниот одговор да го даде до 13 јуни. Раиола сметаше дека младиот голман заслужува далеку подобар третман и дека така не се работи.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти: Поразот од Лил може да биде корисен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше поразот кој неговиот тим го претрп…