Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека се уште не се повлекол од фудбалот.
Венгер ова лето после цели 22 години го напушти Арсенал, во моментов е без ангажман, но тврди дека не планира да се пензионира.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сум се повлекол од фудбалот. Ако сакав да се пензионирам, веќе ќе го направев тоа. Во октомври ќе наполнам 69 години“, изјави Венгер.
Сепак, Французинот не одговори дали би прифатил понуда од клуб во текот на оваа сезона.
„Не знам, не знам“, кратко изјави Венгер.
Искусниот стратег го водеше Арсенал од 1996 до 2018 година и под негово водство „топџиите“ три пати ја освоија титулата во Премиер лигата, а 7 пати го освоија ФА Купот.
Arsene Wenger makes announcement on his future https://t.co/Sa3lWm9Osg pic.twitter.com/VIZl9FUqlc
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) September 26, 2018