Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер се уште не пронајде нов клуб после заминувањето од Арсенал.
Сепак, како што пренесуваат англиските медиуми тој не ја отфрли можноста да води некоја репрезентација на Светското првенство во Катар кое ќе биде одржано во 2022 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Можам да се видам себе си како работам за репрезентација. Би имал доволно време во однос на последната работа и не би имал ништо против. Секогаш сакав да бидам на едно Светско првенство бидејќи таму се најдобрите фудбалери. Се надевам дека ќе ме видите во Катар на СП. Сакам да бидам дел од тој адреналин кој го носи самото натпреварување“, изјави Венгер.
Венгер го напушти Арсенал, а потоа работеше како стручен коментатор во неколку познати телевизиски куќи.