Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венегр досега неколку пати потенцираше дека ги одбивал најголемите европски гиганти за да остане на клупата на „топџиите“.
Французинот во едно интервју откри интересни детали од својата кариера и потврди дека два-три пати во минатото го одбил Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога го градевме стадионот, банката бараше од мене да бидам гаранција дека ќе останам во Арсенал уште пет години. Тогаш прв пат не побара Реал, но не можев да го предадам мојот клуб“, изјави Венгер.
„Мислам дека Реал го одбив уште два-три пати. Знаете, тешко е да се одбие клуб кој го сакате уште од дете. Сепак, не можев тоа да му го направам на Арсенал. Одбив повеќе тимови отколку што мислите, бев среќен таму каде што сум“, додаде Французинот.
68-годишниот стратег планира се уште да остане во фудбалот, но потенцираше дека тоа нема да биде Англија.