Дома Фудбал Англија Венгер правеше големи работи – бројките се доказ за тоа!

Венгер правеше големи работи – бројките се доказ за тоа!

Арсен Венгер ќе ја заврши својата тренерска кариера во Арсенал после 22 години.

Венгер денес донесе една од поважните одлуки во неговиот живот, после разговор со управата на клубот одлучи да го напушти Арсенал на крајот од сезоната.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Французинот остави длабока трага во Арсенал со кој ја освои титулата во Премиер лигата три пати. Бројките се нешто кое ќе се памети, а познатиот статистички портал „Оpta“ ги издвојува најважните.

– Најголем успех за Венгер на кормилото на Арсенал веројатно е сезоната 2003/2004 кога со Арсенал стигна до титулата во Премиер лигата без ниту еден пораз.

– Ниту еден тренер не го освоил ФА Купот повеќе пати од Венгер, дури седум пати.

– Арсенал под негово водство го држи рекордот на непобеднливост во Англија – 49 натпревари, од мај 2003 до октомври 2004.

Тиери Анри постигна 175 голови под водство на Арсен Венгер. Ниту еден играч на било кој тим не постигнал повеќе голови под водство на еден тренер.

– Ниту еден тренер не водел екипа во Премиер лигата повеќе пати од Венгер – 823 пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим ќе плати 55 милиони фунти за фудбалер кој го споредуваат со Салах!?

Манчестер јунајтед би можел наскоро да го добие потписот на Мбеумо, кој дел од медиумите г…