Дома Фудбал Англија Венгер: Останувам во фудбалот, зависник сум од играта

Венгер: Останувам во фудбалот, зависник сум од играта

Францускиот менаџер Арсен Венгер на мечот со Хадерсфилд за последен пат седеше на клупата на Арсенал, а после тој натпревар истакна дека сигурно ќе остане во фудбалот и во иднина.

Венгер ги напушта Топџиите после 22 години соработка, поради што во 22. минута на натпреварот против Хадерсфилд беше поздравен со овации.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не знаев што се случува, беше фантастично. На посебен начин сум поврзан со овој стадион бидејќи Херберт Чемпен во Арсенал пристигна од овде, а тој е нашиот најдобар менаџер. Сето тоа има посебно значење.“ – кажа Венгер по повод гестот од навивачите на домашниот тим.

Победата на Венгер за простување од Арсенал ја донесе Обамејанг во 38 минута, но сепак, клубот од емирати најверојатно нема да биде последен за 68. годишниот стручњак.

„Останувам во фудбалот, дефинитивно. Без разлика на тоа дали ќе водам некој клуб или ќе работам друг вид на работа. Зависен сум од фудбалот и мислам дека од тоа нема лек.“

Арсенал сезоната ја заврши на шестата позиција со 54 бода и наредната сезона повторно ги очекува учество во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мадуеке како дефанзивец на Лестер: Го спречи Палмер да погоди на празен гол! 🎥

Екипата на Челси денеска игра натпревар против Лестер во Премиер лигата, а по десетина мин…