Дома Фудбал Англија Венгер за Виера: Има потенцијал да биде мој наследник

Венгер за Виера: Има потенцијал да биде мој наследник

Mногу се пишува за евентуалниот наследник Арсен Венгер на клупата на Арсенал, а неодамна во медиумите се појави и името на поранешниот фудбалер на овој клуб, Патрик Виера.

Виера под водство на Венгер освои три титули во во Премиер лигата, а по завршувањето на играчката кариера работеше со младинците на Манчестер Сити, за потоа да го превземе првиот тим на филијалата на „граѓаните“ во САД, Њујорк Сити.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За Виера како потенцијален стратег на Арсенал зборуваше и Арсен Венгер.

„Во овој момент е во Њујорк и вработен во Манчестер Сити. Се работи за човек кој има голем потенцијал, сигурен сум дека може да ме наследи. Ја следев неговата тренерска кариера. Мислам дека генерално добро ја работи оваа работа, но Премиер лигата е сосема нешто друго. Може да добие прилика, иако има и други поранешни фудбалери со ист потенцијал и ителегенција за оваа работа“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…