Дома Фудбал Англија Венгер доби понуда која ја одби без размислување!

Венгер доби понуда која ја одби без размислување!

Легендарниот француски стручњак Арсен Венгер вчера добил понуда да се врати во Премиер лигата.

Поранешниот менаџер на Арсенал го контактирал Фулам, кој беше во потрага за наследник на Јокановиќ, кој доби отказ после лошите резултати.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Сепак, Венгер го одбил повикот на клубот од Лондон и со тоа го одржа својот збор дека во Премиер лигата нема да води ниту еден друг клуб освен Арсенал. Исто така, негова одлука е да не се враќа на тренерското столче пред летото.

Откако Венгер ги одби, челниците на Фулам го ангажираа Клаудио Раниери, кој јавноста најмногу го памети по освојувањето на ПЛ со Лестер.

Инаку, Арсен Венгер се споменува како наследник на Нико Ковач во Баерн Минхен, но прашање е колку во тие шпекулации има вистина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Катастрофални вести: Познато до кога би можел да паузира Олмо

Дани Олмо најверојатно нема да игра за Барселона до крајот на годината поради повреда на р…