Фудбалерот на Арсенал, Дени Велбек поминува низ тежок период, откако втор пат подлегна на оперативен зафат после фрактурата на ногата.
Англискиот репрезентативец се повреди на дуелот со Споринт Лисабон во натпревар од Лига Европа и за само четири дена мораше да му бидат направени две операции.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Според официјалната веб-страница на „Топџиите”, двете операции биле успешни, без компликации. Сепак, се уште е неизвесно колку време Велбек ќе биде надвор од терените.
„Поради сериозноста на фрактурата Велбек мораше и втор пат да биде опериран. Втората операција не е изненадување, бидејќи неговата скршеница спаѓа во знакот на тешки повреди. Велбек почна со процесот на рехабилитација и се уште е рано да се каже терминот за неговото враќање на терените“, стои во соопштението од Арсенал.