Напаѓачот на Арсенал, Дани Велбек е на излезни врати од „Емирати“.
Овој англиски репрезентативец веќе некое време не има толку важна улога во екипата на „Топчиите“, а изгледа дека својата среќа нема да ја пронајде ниту кај новиот менаџер, Унаи Емери. Британските медиуми пишуваат дека Велбек е блиску до заминување од клубот и дека веќе има три понуди и тоа од Евертон, Борнамут и Саутемптон.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Наводно, Арсенал е подготвен да го продаде Велбек, но не е познато за колку надомест. Неговиот договор важи до јуни 2019. година и се очекува тоа да не биде спектакуларна цена. Велбек има 27 години и во кариерата не промени многу клубови. Играше за Манчестер Јунајтед, Престон и Сандерленд, член на Арсенал е од 2014. година кога пристигна за 20 милиони фунти.