Жоржињо Вајналдум кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ и договорот помеѓу двете страни е комплетиран.
Вајналдум потпиша договор со ПСЖ до 2024 година и годишно ќе заработува 9,5 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот играч на Ливерпул имаше договор со Барселона, а планот на Каталонците беше да го претстават како ново засилување оваа недела.
Меѓутоа, во последен момент во трката се вклучи ПСЖ кој понуди подобри финансиски услови, па Холанѓанецот ја прифати понудата на „светците“.
Вајналдум е слободен агент, а понудата на ПСЖ била двојно поголема од таа која му ја понудила Барселона.
Вајналдум веќе ги минал лекарските прегледи и ставил потпис на договорот со ПСЖ.
Georginio Wijnaldum is set to sign with Paris Saint-Germain until June 2024 after his Barcelona turnaround – salary expected around €9.5m per season. Barcelona wanted to announce Gini signing this week but he’s joining PSG. 🔵🔴 #PSG
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 10, 2021