Дома Македонски спорт Васоски повеќе не е тренер на Сараево

Васоски повеќе не е тренер на Сараево

Македонскиот тренер и поранешен предводник на Академија Пандев, Александар Васоски си заминува од Сараево после нецели пет месеци на клупата. Васоски си поднесе оставка после ремито во дербито со Железничар (1:1).

Иако Сараево го чека финалето во Купот против Вележ во кое може да обезбеди и место во Европа, Васоски одлучи да си замине.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Размислував да си одам уште после натпреварот против Борац во Бња Лука, но мислев дека ќе победиме против Радник и Железничар. Не го победивме Железничар и тоа е тоа. Благодарност до сите, на вас новинарите и луѓето во клубот, ви посакувам се најдобро“, изјави Васоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Детали за трансферот: Арсенал синоќа направи една од најголемите „кражби“ во историјата на Премиер лигата

Еберчи Езе синоќа одбра клуб во кој сака да ја продолжи својата кариера, а во игра беа Арс…