Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар со убедлива победа против Бутел ја заврши 2021 година

Вардар со убедлива победа против Бутел ја заврши 2021 година

После ремито со Еурофарм Пелистер ракометарите на Вардар им се вратија на победите. На домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ победен беше Бутел со 36:21.

Гостите парираа само едно полувреме, а потоа во второто на површина исплива квалитетот на црвено-црните. На стартот Буител водеше со 3:1 и десетина минути имаа водство. Вардар првпат поведе со 7:6 за потоа да следува посигурна игра на фаворитот. На полувреме резултатот гласеше 18:15.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бутел во продолжение имаше неколку добро минути, а потоа Вардар ја демонстрираше својата сила. По водството од 27:17 веќе беше јасно во каква насока оди овој натпревар, гостите немаа силе за некаков кам-бек. Предноста од 15 гола која беше највисока за Вардар беше актуелна и на самиот крај за конечните 36:21.

И за Вардар и за Бутел ова беше последниот натпревар оваа година, по што ракометарите одат на празнична пауза.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…