Дома Останати Ракомет Вардар со реми ја отвори сезоната во Лигата на шампионите

Вардар со реми ја отвори сезоната во Лигата на шампионите

Вардар со нерешен резултат ја започна сезоната сеозната во Лигата на шампионите, на гости кај Елверум црвено-црните одиграа 27:27.

Одличен кај Вардар беше Мартин Томовски кој собра дури 15 одбрани. Тото беше најефикасен со шест гола, Моралес постигна пет, Гаџа четири. Во листата на стрелци се запишаа и браќањата Ноќас, двајцата го завршија натпреварот со по три гола.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардар на десетина секунди до крајот можеше да дојде до победа, но Гаџа не реализираше. На Елверум потоа му останаа уште пет секунди за напад, меѓутоа конечниот резултат не се смен.

Во текот на целото второ полувреме двете екипи се менуваа во водство. Слична беше играта и во првото полувреме. Вардар имаше највисоки плус четири, додека домаќините дојдоа до плус три.

Кога се ќе собере можеби и ремито е најреален исход.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Билетите путшени во продажба: Вардар ги одредени цените за дербито со Алкалоид и натпреварот со Мелсунген

Од вчера се пуштени во продажба билетите за следните два натпревари на Вардар н адомашен т…