Се најавува дека македонскиот шампион Вардар ќе се засили со рускиот напаѓач Максим Максимов, кој настапува за литванскиот Тракаи.
Максимов е 21 годишен напаѓач кој оваа сезона го привлече вниманието со одличните партии за Тракаи со кого стигна до третото квалификациско коло во Лига Европа, каде беше запрен од Шкендија.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Инаку Максимов во овој момент е најдобар стрелец во Лига Европа со постигнати седум гола на шест натпревари.
Сеуште се очекува официјална потврда од македонскиот шампион, па доколку трансферот се реализира сигурно Вардар ќе добие големо засилување.