Ракометарите на Вардар се вратија на челната позиција во Б групата во Лигата на шампионите, со победата на Цеље 35:30 во рамкина на 12.коло.
Вардар четри пати играше со Цеље сезонава и забележа исто толку победи. Во саботата македонскиот шампион рутински го победи тимот од Словенија со што ги потврди високите амбиции во Лигата на шампионите.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Неизвесноста во „Јане Сандански“, доколку воопшто ја имаше траеше само седум минути и резултатот 3:3, Вардарв о наредните две минути со серија 4:0, која ја иницираше Душебаев создаде предност од 7:3, која Цеље не успеа да ја оспори.
Од деветтата минута Вардар искусно ја одржувше предноста, благодарение на одбраната, расположениот Штербик на голот и Душебаев и Дибиров во нападот.
Вардар до победата го предводеа Душебаев со осум, односно Дибиров и Шишкарев со по шест гола.
Во последниот меч Вардар ќе му гостува на Мешков Брест во клучниот натпревар за освојување на првото место во групата и директен пласман во четврфиналето.