Ракометарите на Вардар ја продолжија победичката серија и го задржаа максималниот ефект во ЛШ, откако го совладаа Пик Сегед 30-27.
Вардар и Пик Сегед одиграа исклучително квалитетен и динамичен натпревар, во кој победата му припадна на „црвено-црниот“ тим. Унгарците иако имаа приклучок во текот на целиот натпревар, водеа само на почетокот (0-1, 1-2), додека Вардар не успеа да создаде поголема предност од три гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Раул Гонзалес, во првото полувреме ја одржуваше предноста од еден гол, колку што изнесуваше разликата по 30 минути игра, а во второто полувреме неколку пати имаа три гола предност, но Пик Сегед успеваше да се врати на гол негатива, а секој напад кога Унгарците тргнуваа по израмнвање го запираше одличниот голман Милиќ.
Милиќ на крајот имаше 10 одбрани, а стрелците кај победникот ги предводеше Дибиров со осум голови, додека гол повеќе на спротивната страна постигна Балог.
Ова беше 11-та победа во низа за Вардар, а четврта во Лигата на шампиони за максимален ефект.