Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар поразен од Мешков Брест

Вардар поразен од Мешков Брест

Вардар доживеа пораз од Мешков Брест (32:36) во последниот натпревар од групата фаза во Лигата на шампиони.

Вардар одигра лошо прво полувреме во кое одбраната не функционираше и прими 20 гола. „Црвено-црните“ се држеа само во воведните минути до резултат 5:5, а потоа Брест направи серија од четири гола и почна да се одлепува.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Избраниците на Стевче Алушовски пробаа да се доближат, но евидентни беа проблемите во одбраната, на на полувреме Брест замина со предност од 12:20.

Вардар се обиде да се врати во вториот дел но најблиску што дојде беше на 3 гола разлика во самиот финиш од мечот. На крајот Мешков Брест славеше со 36-32.

Дибиров со девет голови беше најефикасен во составот на Вардар, во тимот на Брест Вајлупов постигна 12 голови, а Скубе седум.

„Црвено-црните“ останаа на седмото место и за противник во осминафиналето ќе го имаат тимот на Веспрем. 

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…