Вечерва со почеток од 21:00 часот на теренот во Струга, ќе се одигра вториот ракометен супер куп во историјата на машкиот ракомет. Во него ќе се сретнат екипите на Вардар, како актуелен освојувач на двојната круна и Металург кој играше во големото финале на купот.
Како никогаш досега, Вардар и Металург влегуваат во меѓусебен дуел со големи промени зад себе. И двете екипи имаат нови тренери, поголеми или помали промени во стилот на играта и неколку нови ракометари. Вардар останува фаворит и тоа убедлив, па секој епилог освен негова победа ќе биде изненадување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Не е познато и со каков состав ќе излезат двете екипи, со оглед дека и кај двата клуба има проблем околу лиценците за ракометарите. Вардар е во потрага по првиот трофеј во новата сезона, а втор во ова натпреварување, со оглед дека првиот го освои минатата година, кога во С.Ц. Јане Сандански ја совлада екипата на Еурофарм Работник.