Утрово главна вест во македонските медиуми е оставката на Гоце Седлоски кој го напушта клубот пред важниот двомеч во плеј-офот од Лигата на Европа во кој Вардар ќе игра против Фенербахче, македонскиот шампион веќе има идеја за негов наследник.
Искусниот Чедомир Јаневски кој работеше и како селектор на македонската фудбалска репрезентација е пред промоција како нов тренер на ФК Вардар. Наводно, соработката помеѓу Јаневски и Вардар веќе е договорена.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Според последните информации, Јаневски ќе го превземе Вардар веднаш по дуелите против Фенербахче кои се играат на 17 и 24 август, додека против турскиот гигант македонскиот шампион се очекува од клупата да биде предводен од Александар Васоски.
Освен Чедомир Јаневски за наследник на Седлоски, „срамежливо“ се споменува и името на Ѓоко Хаџиевски.