Ракометарите на Вардар со натпреварот против Кристијанштад, в недела, ќе ги завршат натпреварите во Б групата во Лигата на шампионите.
Иако македонскиот шампион е веќе четвртфиналист, сепак капитенот Стоилов вели дека тимот мора да победи за навивачите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Без разлика на сè ние сме први во групата. Но, сепак ние сме професионалци и на самите себе, а и на навивачите им должиме победа. Сериозно му пристапуваме на натпреварот со Кристијанштад и се надевам дека со победа ќе ја завршиме оваа фаза“, изјави Стоилов.
Тренерт Раул Гонзалес, истакна дека Кристијанштад е добра екипа која игра брз ракомет и има исклучително добар контранапад.
„Сите треба да го дадат максимумот за да победиме. За Кристијанштад ова е важен натпревар, од него им зависи пласманот во осминафиналето и сигурно е дека ќе влезат со намера да победат. Играат брзо, играат добро во контранапади, имаат добар голман, затоа ќе треба бргу да се враќаме во одбрана“, рече Гонзалес.