Третиот турнир од регионалната ВРХЛ лига стартува денеска, во малата сала во СЦ „Јане Сандански”. Домаќин на турнирот е Вардар, а трите натпревари се закажани за 19, 20 и 21 јануари.

Според распоредот денеска во 17 часот играат Вардар и Будуќност, а следниот ден, на 20 јануари во 17 часот се среќаваат Будуќност и Крим. Двата натпревари се играат во малата сала. В недела, на 21 јануари, во 17 часот играат Крим и Вардар во големата сала на центарот.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


На претходните два турнири одржани во Подгорица и во Љубљана, Вардарки победија на сите четири одиграни натпревари.

Овие натпревари за Вардар ќе бидат последна контрола пред продолжувањето на натпреварите од ЕХФ лигата на шампионите.

Распоред на натпревари од 3 турнир во ВРХЛ:
19.01.2018 – мала сала СЦ „Јане Сандански”
Вардар – Будуќност (17 ч.)
20.01.2018 – мала сала СЦ „Јане Сандански”
Будуќност – Крим (17 ч.)
21.01.2018 – голема сала СЦ „Јане Сандански”
Крим – Вардар (17 ч.)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ЕХФ го смести Вардар во вториот шешир во Лига Европа

Европската федерација, ЕХФ денеска ги објави шеширите пред ждрепката за Лига Европа, а еки…