Дома Останати Ракомет Вардар доведе среден бек – Црногорецот Божо Анџелиќ е новото засилување!

Вардар доведе среден бек – Црногорецот Божо Анџелиќ е новото засилување!

Црногорскиот репрезентативец Божо Анџелиќ (30) е новото засилување за Вардар во следната сезона. Тој игра на позиција на среден бек и во Вардар доаѓа од унгарски Ференцварош каде настапува од 2018 година.

Договорот со Анџелиќ е потпишан на 1 сезона со можност за продолжување на уште една доколку клубот биде задоволен од неговите игри. Црногорецот е второто засилување во тимот за следната сезона, по Словенецот Нејц Цехте кој доаѓа од Бундеслигата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Анџелиќ е актуелен репрезентативец на Црна Гора и има повеќе од 60 настапи за репрезентацијата и над 100 постигнати гола. Беше дел од последните четири Европски првенства на неговата репрезентација, во 2016, 2018, 2020 и 2022 година. Настапи на последното ЕП во Унгарија каде за Црна Гора постигна 20 гола, најмногу против Македонија и против Исланд, по шест.

Во играчката кариера Анџелиќ има настапувано за тимот на Црвена Звезда, Малме, Чеглед и Металург, а потоа замина во Ференцварош. Со Металург играше и во Д групата од ЕХФ лигата на шампионите и постигна вкупно 32 гола.

Вардар ја обезбеди 15. Куп титула по триумфот во финалето над Еурофарм Пелистер од 23-22 во неделата во Кавадарци. „Црвено-црните” се блиску и од одбрана на титулата, и им останува да одиграат уште две кола во првенството. Со две победи (против Бутел и Тиквеш) ќе ја заверат 15. титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Поранешниот голман на Еурофарм Пелистер се огласи откако беше избркан од Војводина поради присуството на концерт

Хрватскиот голман Филип Ивиќ беше отпуштен од Ракометниот клуб Војводина поради присуствот…