„Црвено-црните“ нема да можат да сметаат на услугите на Иван Чупиќ, кој поради повреда ќе го пропушти не само дуелот со Сегед, туку најверојатно и сите преостанати натпревари (гостувањето во Нант и домашниот меч со Висла) до крајот на групната фаза што завршува на 4 март.
Со повредата на Чупиќ, Шишкарев останува на крилната позиција,а шанса за настап би требало да добие и Мартин Поповски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иван Чупиќ не е единствениот ракометар кој се жали на повреда. Поради проблем со коленото и Игор Карачиќ е под знак прашалник за дуелот со Пик Сегед.
Натпреварот меѓу Вардар и Пик Сегед се игра в недела (17 часот) во СЦ “Јане Сандански” во Скопје, што ќе биде прв меч во “вулканот” во продолжението од сезоната.