Дома Фудбал Италија ВАР драма во Торино: Роналдо во 96-та од пенал донесе три бода за Јувентус (ВИДЕО)

ВАР драма во Торино: Роналдо во 96-та од пенал донесе три бода за Јувентус (ВИДЕО)

Јувентус вечерва во драматичен натпревар ја победи Џенова со 2:1.

Италијанскиот шампион не беше на потребното ниво и за трите бода стравуваше се до последните минути, Џенова пак од друга страна иако прикажа добра игра Торино го напушта со пораз.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


До предност домаќинот и фаворит на овој натпревар стигна после 36 минути игра преку Леонардо Бонучи. Џенова преку Куаме пет минути подоцна успеа да изедначи. Овој гол на Куаме дефинитивно е еден од најчудните во последно време. Куаме шутираше со десна, се погоди во левата нога и на тој начин го измами Буфон.

На стартот на второто полувреме втор жолт картон и исклучување заработи Касата. Црвен картон видовме и на спротивната страна, а го доби Адриан Рабио во 87-та минута.

Најголемите возбудувања ги видовме во самата завршница. Роналдо во 93-та минута постигнува гол, но ВАР го поништува поради офсајд. Сепак, веќе во следниот напад Јувентус добива пенал, а најсторгата казна во гол за победа ја претвори токму Португалецот.

Со овој триумф Јувентус се враќа на лидерската позиција со еден бод повеќе од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…