Дома Фудбал Останато ВАР во Лигата на Шампионите порано од планираното?

ВАР во Лигата на Шампионите порано од планираното?

Иако беше најавено дека ВАР во Лигата на шампионите ќе започне да се користи од следната сезона, би можело да се случи оваа технологија да се користи и веќе од нокаут фазата.

ВАР се користи во шпанската Примера, Серија А, Бундес лигата, Лига 1, Португалија и МЛС, а во Премиер лигата ќе се користи од следната сезона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На тема „ВАР“ сега зборуваше и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

„Започнавме со сите припреми. Роберто Росети (шефот на судиите во УЕФА) и неговиот тим работат одлично, а нивната преспектива е важна. Очекувам нов извештај за една недела и ќе видиме кога би можеле да го користиме ВАР.“, изјави Чеферин.

Потоа се огласи и Андреа Ањели кој освен што е претседател на Јувентус е и директор на Европската асоцијација на клубови.

„Тоа „најдоцна следната сезона“ истовремено значи дека има простор ВАР да започне да се користи и претходно. Клубовите се воодушевени, им благодариме на УЕФА на трудот“, изјави Ањели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…