Дома Фудбал Италија Ванда објави видео со кое ги израдува навивачите на Интер!

Ванда објави видео со кое ги израдува навивачите на Интер!

Сопругата и агент на Мауро Икарди најави добри вести за навивачите на Интер.

Со недели траат шпекулациите и огласувањата на Ванда Нара во врска со новиот договор на Мауро Икарди.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Се пишуваше дека Икарди нема да го продолжи договорот и дека зад аголот чекаат ПСЖ и Реал Мадрид.

Сепак, вчера Ванда изјави дека проблеми нема и дека Икарди ќе потпише нов договор со Интер.

Денес отиде чекор подалеку докажувајќи ја верноста кон Интер. Таа објави песна посветена на „нероаѕурите“.

Еден дел од песната гласи: „Нероаѕури во нашето срце, го почитуваме дресот дома и надвор“, а на крајот остави порака – „ќе се продолжи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челниците на Челси донесоа одлука за судбината на Росениор!

Иако неодамна седна на клупата на Челси, многу навивачи на овој тим веќе сакаат да го вида…