Дома Македонски спорт Ван Перси во „аут“, Турците со Солдадо ќе го напаѓаат Вардар

Ван Перси во „аут“, Турците со Солдадо ќе го напаѓаат Вардар

Според најавите на турските медиуми, Фернаербахче предноста од 2:0 на нашиот претставник ќе ја „брка“ со Роберто Солдадо во наападот.

Иако во прв момент се очекуваше Кочман голот на Вардар да го напаѓа со ветеранот Робин Ван Перси, тој ја смени одлуката, а причина за тоа веројатно е лошиот настап на Ван Перси против Трабзон, но критиките кои пристигнуваа на негова адреса.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите во Турција, Солдадо на теренот против Трабзон поминал нешто помалку од 30 минути и за тоа време успеал да направи повеќе отколку Ван Перси кој стартуваше во тој натпревар.

Ван Перси повеќе не е ниту „бледа“ сенка на играчот кој ги тресеше противничките мрежи во Премиер лигата, а наскоро може да се очекуваме и негово заминување од турскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…