Дома Фудбал Ал-Наср конечно ја разреши мистеријата околу Кристијано Роналдо

Ал-Наср конечно ја разреши мистеријата околу Кристијано Роналдо

Од Ал-Наср потврдија дека последните информации се точни и Кристијано Роналдо не отпатува за Мадрид со својот приватен авион, туку сè уште се наоѓа во Ријад. Од клубот дури споделија слики и видеа од денес, каде јасно се гледа дека голгетерот се наоѓа на базата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатата ноќ беше забележано дека личниот авион на Роналдо полета за Мадрид. Најверојатно на бордот беа неговите деца, сопругата и други членови на семејството на фудбалерот. Се претпоставува дека нивното заминување од Саудиска Арабија е поради заканите од бомби и дронови од Иран по избувнувањето на конфликтот во регионот пред неколку дена.

Самиот Кристијано има повреда и затоа се гледа како прави вежби во фитнесот и не е дел од тренингот на тимот. Од клубот објавија дека станува збор за истегнување, но не посочија рок за неговото закрепнување.

Следниот натпревар на Ал-Наср по програма е следната сабота.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ги менува плановите: По двајца играчи за средина на терен, тргнуваат кон нова голема мета

Според пишувањето на The Sun, раководството на Манчестер Јунајтед смета дека средната лини…