Легендата на Ајакс и на европскиот фудбал, Марко ван Бастен, смета дека Манчестер Јунајтед го преплатил новото засилување Ентони.
„Црвените ѓаволи“ преговараа во текот на целото лето и на крајот платија неверојатни 100 милиони евра за потписот на Бразилецот.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Легендата Ван Бастен, кој одлично го познава холандското првенство, смета дека Ентони не вреди ни приближно.
„Тој не вреди 100 милиони, ниту приближно. Уште се нема докажано. Има нешто, одигра неколку многу добри натпревари, но ефикасноста не му порасна во последните две години и често ја губи топката. Сака да дрибла, а греши во 7 од 10 обиди“, изјави Ван Бастен.
Ентони пред две години пристигна во Ајакс од Сао Паоло, во трансфер кој изнесуваше 16 милиони евра. За холандскиот клуб одигра 82 натпревари, постигна 24 гола и забележа 22 асистенции.