Дома Фудбал Работнички: Не сме вклучени во било какви можни заткулисни игри

Работнички: Не сме вклучени во било какви можни заткулисни игри

Во македонската фудбалска јавност се појавија гласини дека натпреварот помеѓу Работнички и Охрид кој беше од пријателски карактер и заврши со 8-2 бил наместен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со соопштение на социјалните мрежи, сега се огласи Работнички кој се огради од било каква вина.

„Фудбалскиот клуб Работнички како клуб со интегритет и традиција апсолутно секогаш е во заложба за максимално спортска и витешка игра на фудбалските терени, и ќе продолжи да го прави тоа чесно и со единствена намера за почитување на фер-плеј и негување на вистинските спортски вредности.

Клубот ја информира јавноста дека на било каков начин не е вклучен во инсинуациите и можните обиди за задкулисни игри околу резултатот на пријателскиот натпревар против Охрид Лихнидос.

ФК Работнички има единствена цел што е можно подобро да го подготви тимот за вториот дел од сезоната и во таа насока и со чисто спортски намери го одигра натпреварот.

Клубот секогаш ќе вложува максимални напори за чист фудбал и за респект кон противниците и кон натпреварувањето и во таа насока апсолутно стоиме на располагање на Фудбалската федерација на Македонија за било каква помош и соработка“, стои во објавата на Работнички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новинар дозна кој е бомбата на Реал од 150 милиони евра: Бев шокиран, не можев да верувам…

Флорентино Перез е новиот претседател на Реал Мадрид. Поточно, тој останува претседател на…