Дома Останати Тенис Алкараз им се закани на противниците: Моето ниво е сè подобро

Алкараз им се закани на противниците: Моето ниво е сè подобро

Карлос Алкараз изгледа сè посигурен, и до противниците испрати јасна порака дека е подготвен за најголемите достигнувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанецот се пласираше во втората недела на Гренд Слем со рутинска победа против Французинот Корентан Муте – 6:2, 6:4, 6:1 – и уште еднаш покажа дека неговата форма оди во нагорна линија.

Алкараз го контролираше мечот од првиот до последниот гем, иако, како што самиот истакна, дуел против играч како Муте никогаш не е едноставен.

„Мојот ниво е сè подобар и подобар. Муте не е играч што ви дозволува да влезете во ритам – има дроп-шотови, сечени удари, постојано менува ритам. Понекогаш е тешко да го најдете вистинскиот ритам, но денес земав сè што ми се понуди и поради тоа сум многу задоволен“, рече Алкараз по мечот.

На крајот, се осврна и на промените во сервисот, истакнувајќи дека се прилагоди брзо.

„Се фокусирав на едноставност, мазно движење и ритам. Кога ги поедноставувам работите, сè оди подобро – и тоа веќе се забележува“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе се бори за настап на нов грен-слем!

По историскиот настап на Вимблдон, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има мо…