Поранешниот голман на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, Виктор Валдес (35) ја заврши својата фудбалска кариера и се посвети на телевизиската работа.
Овој 35-годишен Шпанец последниве години имаше доста проблеми со повредите, па затоа одлучи да ја заврши својата кариера. Започна телевизиска и продукциска компанија „Crazy4Fun“, а се очекува и да има свое „шоу“, каде што ќе биде домаќин на многу фудбалски ѕвезди.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Валдес најдобрите свои денови во својата кариера ги мина во Барселона, за која одигра 535 натпревари. Во дресот на каталонскиот гигант помина 12 години освојувајќи дури 20 трофеи, а дури три ЛШ и шест титули шампион на Шпанија. По заминувањето од „Камп Ноу“ бранеше за Манчестер Јунајтед, Стандард Лиеж и Мидлзборо.
За шпанската репрезентација запиша 20 настапи, освојувајќи Светско (2010) и Европско првенство (2012).