Дома Фудбал Валверде: Ќе го негувам стилот и филозофијата на Барса!

Валверде: Ќе го негувам стилот и филозофијата на Барса!

Новиот тренер на Барселона, Ернесто Валверде официјално потпиша тригодишен договор со каталонскиот гигант и не го криеше задоволството од новиот предизвик.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Благодарен сум за довербата која клубот ја има кон мене. За мене ова е огромна привилегија, а знам дека со тоа доаѓа и огромна одговорност. Тука сум заедно со моите идеи и спремен да започнам нов прокет“, изјави 53-годишниот стратег.

„Доаѓам од многу специјален клуб (Атлетик Билбао) и во Барселона сакам да ги пренесам сите мои идеи. Моите претходници тука завршија фантастична работа и освоија многу трофеи. Немам никаков сомнеж во филозофијата на овој клуб“, додаде Валверде.

„Добро знам дека моите претходници тука работеа со идејата да го запазат стилот и филозофијата на Барса. Јас многу добро знам што претставува Барса, веќе бев тука, но сега треба одново да се адаптирам. Мојата идеја е да се свртам што е можно повеќе кон стилот на Барса“, заклучи Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Репрезентативец на Холандија среде Мундијалот доби ужасни вести!

Времето во таборот на холандската репрезентација се замрзна поради вестите што стигнаа. Ка…