Поради слабиот старт на новата сезона на Каталонците се повеќе се зголемува притисокот врз тренерот Ернесто Валверде.
Според весникот „АС“ Валверде се наоѓа пред отказ и раководството веќе му дало ултиматум.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Имено, тој мора да победи на следните два натпревари во лигата, па доколку загуби бодови ќе добие отказ. Наведените натпревари кои можат да му пресудат се пресметките дома со Виљареал и на гости кај Гетафе.
Барселона го започна првенството со два порази и едно реми во првите пет кола и го зазема дури 8. место.
55-годишниот Валверде ја презема Барселона во 2017 година и под негово водство клубот има освоено четири трофеи – две титули во Примера, Купот и Суперкупот на Шпанија.