Експертите на „ОПТА“ кои најмногу се занимаваат со статистика ја следеа и штотуку завршената сезона во Серија А во која објавуваа голем број интересни информации, а на крајот ги избраа и најдобрите 11.
Во идеалниот тим шампионот Јувентус како претставници ги има Роналдо и Дибала во нападот, Квардадо како десен бек и Шчесни кој остварил најдобри бројки помеѓу голманите во најсилната италијанска конкуренција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер кој сезоната ја заврши на второто место со еден бод помалку од Јувентус има само еден претставник и тоа е стоперот Де Фрај. И Аталанта која прикажа фантастичен фудбал сезонава има само еден претставник, а тоа е Папу Гомез.
По еден играч во тимот има од Наполи и Милан, тоа се Фабијан Руиз и Тео Ернандез.
Лацио во најдобрите 11 има тројца претставници и тоа по еден во секоја линија, Ачерби, Луис Алберто и најдобриот стрелец во првенството Чиро Имобиле.
11 – Here is the #SerieA 2019/20 best XI based on Opta Data. Sublime.#OptaTopXI pic.twitter.com/XTdK3koYLT
— OptaPaolo (@OptaPaolo) August 3, 2020