Дома Топ вести Важен потпис во Реал Мадрид!

Важен потпис во Реал Мадрид!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти денеска потврди дека Ферлан Менди потпишал нов договор со „кралскиот“ клуб.

Иако Реал Мадрид се уште официјално не објавил, Анчелоти потврди дека Менди ја продолжил соработката.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


„Менди потпиша нов договор до 2027 година. Многу сме среќни што го имаме во тимот и сакавме тој да остане со нас“, изјави Анчелоти.

Медиумите очекувано го поставија и прашањето дали тоа значи дека Алфонсо Дејвис нема да дојде следното лето од Баерн Минхен, бидејќи тешко би прифатил да биде во ротација со Менди, но италијанецот не даде одговор на тоа прашањење.

Дејвис се уште нема потпишано нов договор со Баерн, па доколку остане така, од 1 јули ќе биде слободен на пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за Манчестер Сити: Крај на сезоната за Родри

На вчерашното дерби против Арсенал се повреди еден од најважните играчи на Манчестер Сити,…