Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон уште еднаш го запиша своето име во историјата на Серија А.
Буфон со 42 години и 9 месеци стана рекордер во Серија А по бројот на настапи, тој синоќа против Кротоне го одигра својот 650-ти меч во најквалитетното италијанско првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Буфон дебитираше во Серија А пред 25 години. Колку е тоа одамна доволно говори податокот што 7 од десетте соиграчи на вчерашниот меч се уште не биле родени кога голманот застанал меѓу стативите во далечната 1995 година.
Демирел, Артур, Бентакур, Киеза, Фработа, Кулушевски и Портанова на свет дошле после дебито на „Гранце Џиџи“.
До овој момент Буфон има 917 одиграни натпревари во кариерата, на кои 410 пати го зачувал својот гол.