Пред десетина дена се случи една од најголемите трагедии во италијанскиот фудбал, кога во сон почина 31-годишниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори.
На неговиот погреб во Фиренца присуствуваа повеќе од 10.000 луѓе, меѓу кои и делегацијата на Јувентус, предводена од Џанлуиџи Буфон и Масимилиано Алегри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако Фиорентина и Јуве се во „војна“ веќе долги години, навивачите од Фиренца со аплауз ги поздравија „бјанконерите“.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Буфон силно посакувал да стигне на погребот на својот пријател, иако ноќта претходно играше против Тотенхем во Лондон.
Наводно, Буфон и Алегри од свој џеб платиле приватен авион до Фиренца за 12 луѓе и утрото во 4:30 летнале од Лондон за да стигнат на погребот.