Дома Фудбал Останато Буфон го избра најдобриот голман во Серија А во овој момент

Буфон го избра најдобриот голман во Серија А во овој момент

Долги години Џанлуџи Буфон важеше за најдобар италијански голман и немаше конкуренција во репрезентацијата, а по завршувањето на кариерата продолжи да работи во федерацијата.

Со таква кариера зад себе секако има кредибилитет да зборува за актуелната состојба, па така зборуваше за најдобрите голмани во првенството.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


За Буфон најдобар голман во овој момент во италијанското првенство е Јан Зомер кој пристигна во Интер како замена за Андре Онана.

„Кога ќе се погледнат бројките и чистите мрежи не смееме да го изоставиме Јан Зомер. Можеби многумина беа изненадени од неговата сезона, но јас не сум. Добро знаев дека ќе биде полн погодок за Интер. Тука е и Шчесни, иако Јувентус немаше најдобра сезона“, изјави Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алонсо го прави тоа што Анчелоти не смееше: Уште од минатата сезона се вишок, сега е време за заминување

Со доаѓањето на Чаби Алонсо на местото тренер на Реал Мадрид, многумина работи се менуваат…