АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката во соработка со Фудбалската федерација на Македонија започна процес на целосно менување на тревната површина коешто последен пат е изведено во 2012 година.
Проектот е донација од ФФМ преку Европската фудбалска унија (УЕФА) и се очекува да биде готов пред националниот натпревар со Англија на којшто ќе можеме да се пофалиме со нова најсовремена тревна површина согласно највисоките стандарди на меѓународните фудбалски институции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потсетување дека натпреварот од квалификациите за ЕП 2024 помеѓу Македонија и Англија ќе се игра на 20 ноември 2023 год.
Дополнително, пред поставување на тревната површина Акционерското друштво активно работи на надградба на системот за наводнување на тревата, на начин којшто ќе биде најадекватен за новото игралиште.
„Вредноста на инвестицијата и на донацијата ќе биде дополнително истакнато кога ќе се презентира целиот овој проект како реализиран. Новите услови на Националната арена ќе ги подобрат условите за работа на националниот и клупскиот фудбал и генерално, се во насока на успешно развивање на спортот во РСМ – соопштуваат од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
Ова лето имаше доста критики за лошата тревна површина на нашиот најголем стадион. Имаше реакции од еден од најпознатите фудбалски клубови во Бугарија, Левски Софија по нивниот меч со Шкупи во квалификациите од Конференциската лига, како и од актуелниот европски шампион Италија која минатиот месец играше 1:1 против македонската А репрезентација.