Србија и Бугарија одиграа 1:1 во четвртото коло од групата Г во квалификациите за Европското првенство 2024 година.
Бугарија пред своите навивачи поведе во 47-та минута со голот на Кирил Десподов, а Србија од пораз се спаси во шестаата минута од судиското продолжение, кога погоди Дарко Лазовиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Раде Богдановиќ, поранешниот фудбалер на Железничар, Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Југославија како стручен коментатор го анализираше натпреварот за српската државна телевизија „РТС“.
„Морам да им се извинам на гледачите. Пред натпреварот кажав и сега ќе повторам, Бугарите немаат поим, навистина е така. Зошто не ги победивме? Крај е на долгата сезона, незгоден термин, последен натпревар, а жените и девојките на нашите фудбалери немаат трпение и сакаат да патуваат на егзотични дестинации на одмор, долго чекаат…“
„Ги бараат и прашуваат: Кога ќе дојдеш, ајде завршувајте…Не беа сконцентрирани на теренот и тоа можеше да се забележи, да бевме компплетни и фокусирани сигурно ќе победевме, а имаме квалитетни играчи. Ќе се пласираме на Европското првенство“, изјави Богдановиќ.