Лерој Сане беше еден од милениците на Пеп Гвардиола, меѓутоа Сити по него нема многу да жали затоа што блиску до „Етихад“ е Феран Торес!
Телевизијата „Еуроспорт“ со најава „ексклузивно“ објави дека е постигнат договор помеѓу Манчестер Сити и Валенсија за суперталентирнаиот крилен офанзивец. Сепак, локалниот „Супер Депорте“ кој е добро запознаен со случувањата на „Местаља“ изнесе информации дека поранешниот шампион на Англија се договорил само со играчот, не и со клубот, но напоменаа дека се би требало да биде брзо завршено.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според информациите агентите на Торес вчера биле на гости во Манчестер каде што се разговарало за личните услови на фудбалерот и договор брзо бил постигнат. Финансиските детали не се објавени, но извесно е дека Торес на „Етихад“ го чека богат договор.
Договорот на Торес со Валенсија истекува за една година и неговата првобитна намера беше исклучиво да остане во својот град и клубот во кој израсна за да стигне до статусот легенда. Меѓутоа повеќе месечните преговори со клубот околу неговиот договор дошле до „ќорсокак“ па Торес побарал ново решение и тука се појавиле Манчестер Сити и Пеп Гвардиола.