Дома Фудбал Останато Бразилски клуб пријави 16 заразени од коронавирус

Бразилски клуб пријави 16 заразени од коронавирус

Еден од најголемите бразилски клубови, Васко да Гама, објави дека дури 16 негови играчи се позитивни за коронавирус и истите се во изолација.

Клубот од Рио де Жeнеиро објави дека спровел вкупно 350 тестови меѓу играчите, членови на нивните семејства и меѓу техничкиот и административен персонал на клубот и дека 30 проценти од тестираните веќе биле во контакт со вирусот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во тие 30 проценти, исто така, има 16 играчи кои се сместени во изолација, додека тројца други фудбалери веќе оздравеле.

Бразил во моментов е една од најпогодените земји од Ковид 19, а најмногу заразени има во Рио и Сао Паоло.

Инаку властите на Рио де Жанеиро, од денеска дозволија спортистите да се вратат на тренинг на отворено, во тренинг камповите, но само со индивидуални тренинзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонија и со реми во Велс би била втора во групата!

Македонската фудбалска репрезентација дозна што ѝ е потребно да го освои второто место во …