Дома Македонски спорт Браво: Македонски каратист освои бронза на СП во Буенос Аирес!

Браво: Македонски каратист освои бронза на СП во Буенос Аирес!

Maкедонецот Дејан Недев успеа да освои бронза во дисциплината „кати поединечно“ на ИКУ Светскиот шампионат во Буенос Аирес.

Недев во конкуренција на 57 каратисти од 44 светски држави само неговата категорија успеа да дојде до пиедесталот, а со малку повеќе среќа можел да дојде и до подобар резултат. Како што велат од МТКФ и судиите влијаеле да остане со бронза.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Недев беше блиску и до освојување и на златниот медал, но за жал во полуфиналето беше оштетен од судиите, со оглед што неговиот противник од Бразил при изведбата на катата изгуби баланс, но и покрај таквата грешка судиите се одлучија да му ја доделат победата на Хозе Вивас Сантос“, објави МТКФ.

Како втор заврши Сиад Нуризман од Бангладеш. За Недев ова беше прв поголем резултат по три години. За две недели македонските каратисти го очекува Светското првенство во традиционално каратер кое од 5 до 10 ноември се одржува во Перу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…