Дома Останати Кошарка Босна во второто полувреме го скрши отопорот на незгодната Унгарија

Босна во второто полувреме го скрши отопорот на незгодната Унгарија

Натпреварот од првото коло во Групата Б на Евробаскетот заврши со победа на Босна и Херцеговина против Унгарија со 95:85.

Селекцијата на Босна така успеа да ја оправда улогата на благ фаворит, а Унгарците само во текот на првата и втората четвртина успеаа да пружат нешто посилен отпор бидејќи на полувреме имаа половина кош предност.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во продолжение од натпреварот Босна целосно ја преземе контролата на паркетот и во третата четвртина го реши натпреварот во своја корист. Босна беше предводена од Јусуф Нуркиќ и Џанан Муса кои постигнаа по 19 поени, Џон Робертсон запиша 18, а Миралем Халиловиќ 16 поени.

Во екипата на Унгарија најрасположен за игра беше Силард Бенк кој постигна 20 поени, потоа Адам Ханг со 16 и Давид Војвода со 15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ова е Анамарија со која Лука Дончиќ ја прекина веридбата (Фото)

Во ноќта кога Лука Дончиќ постигна нова историска игра во НБА лигата и го сруши рекордот н…