Дома Топ вести Борусија Дортмунд ја намали цената на Џејдон Санчо

Борусија Дортмунд ја намали цената на Џејдон Санчо

Борусија Дортмунд постави нова цена за Џејдон Санчо и е спремна на крајот на сезоната да го пушти играчот за 100 милиони евра.

Тоа е за точно 20 милиони евра помалку од сумата која „милионерите“ ја бараа минатото лето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ не успаа да го донесат англискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ минатото лето, а проблем беше токму цената од 120 милиони евра, која Јунајтед сметаше дека е превисока.

Според „Билд“ новата финансиска ситуација настаната поради пандемијата го натерало раководството на Дортмунд да се согласи да ја намали цената на Англичанецот за 20 милиони евра.

Втората причина за намалување на цената е слабата форма на Санчо оваа сезона, а англиските медиуми тврдат дека ова е добра вест за Манчестер Јунајтед.

Медиумите на Островот тврдат дека Санчо веќе има договор со Манчестер Јунајтед и клубот е во постојан контакт со неговиот агент. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…