Дома Македонски спорт Борко Ристовски закажа прес-конференција на која ќе ги објави сите нерегуларности на МОК

Борко Ристовски закажа прес-конференција на која ќе ги објави сите нерегуларности на МОК

Овие денови во македонската спортска јавност актуелна ситуацијата околу Борко Ристовски кој од МОК доби суспензија од четири години поради клевети и навреди кон претседателот Даниел Димевски.

Голманот на Вардар сега закажа прес-конференција за во петок на која најави дека ќе ги открие сите нерегуларности на МОК.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Почитувани медиуми, Ве поканувам на прес-конференција што ќе се одржи во петок (28 април 2023 година) со почеток во 11:00 часот во конференциската сала во „Хотел Сити Парк” во Скопје. Тема на прес-конференцијата ќе биде последната одлука на МОК, и запознавање на јавноста со сите нерегуларности во работата на МОК“, најави Ристовски.

Ќе потсетиме, од одлуката Ристовски доби право на жалба од осум дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…